| четврток, 6 декември 2018 |

Три нешта што никогаш не треба да се носат во чанта

тасна

Без оглед на тоа дали имате мала и голема чанта, ако сте жена, многу е веројатно дека во чантата имате милион работи. Но, во вашата шанта најверојатно чувате и некои работи кои не би смееле, а тоа се:

1. Сметки

Погрижете се на крајот на секој ден од чантата да ги извадите сите сметки. На сметките и извештаите можат да се кријат податоци за вашата кредитна или дебитна картичка, но и вашиот потпис поради што лесно можете да станете жртва на измама. Но, и ако не стравувате од тоа, запомнете дека нивната губење може да претставува голема мака во случај нешто да треба да се врати, замени или е под непотврдена гаранција. Затоа, внимавајте на сметките.

2 Чекови

Тие содржат ваши банкарски податоци, адреса, а многу веројатно и отпечаток на потпис. Дури и празните чекови крадците можат да ги уновчат без многу мака. Така што, ако однапред знаете дека тој ден треба да платите нешто со чек, извадете еден од книшката и земете го со себе.

3. Пасош

Никогаш немојте да носите со себе пасош поради идентификација затоа што ако го загубите, ви се заканува можност на крадење идентитет. Кога патувате во странство, оставете го пасошот во хотелски сеф, а со себе секогаш имајте копија од пасошот. Имено, губењето пасош во странство ќе предизвика големи главоболки затоа што го вклучува патот во амбасадата, многу документи и многу стрес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top