| четврток, 6 декември 2018 |

Мендеш: Кристијано Роналдо не оди никаде, кариерата ќе ја заврши во Реал

Фудбалскиот агент на еден од најдобрите фудбалери, Жорж Мендеш, изјави дека неговиот клиент Кристијано Роналдо има намера да ја заврши кариерата во Реал Мадрид.

Во текот на летото се појавија шпекулации дека Роналдо ќе го напушти „кралскиот клуб“ и ќе се врати во Манчестер јунајтед каде што играше до 2009 година.

Меѓутоа, Мендеш ја демантира таквата можност:

– Тој е многу среќен во Реал, невозможно е да го разделите со клубот. Ги соборува сите рекорди и го сметаат за најдобар спортист во историјата. Роналдо ќе го напушти Реал кога ќе наполни 40 години – изјави Мендеш.

Сепак, агентот на фудбалерот не негира дека Јунајтед има посебно место во срцето на Роналдо.

– Манчестер јунајтед секогаш ќе има место во неговото срце бидејќи таму помина шест години, но сега размислува само за Реал и засекогаш ќе остане тука. Луѓето знаат дека не можат да го донесат затоа не го ни бараат – изјави Мендеш.

– Роналдо е најдобар на светот и најдобриот кого сме го гледале. Нема да има друг како него – секојдневно станува сѐ подобар и така ќе биде додека не наполни 40 години. Не можете да го споредите со кого било, во следните 500 години ќе нема никој како него – додаде Мендеш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top