Премиерот на српската влада има сѐ повеќе работа. Разни чуда се случуваат во Србија, а тие секогаш ги објаснува само еден човек. Во таквата распределба на работата, многу работи, одлуки, најави и весели проекции остануваат нејасни, покрај сѐ поголемите наслаги на оправдано трпение.
Дефилето на различните остана во дебела сенка на силниот полициски фронт, се вееја шарени знамиња, но без некоја радост која ја дава тој вид гордост. Полицијата сѐ уште условот за слобода на малцинствата склони својата јавна еротска определба да ја претворат во метафора на светски човекови права.
Имаше парада, Девенпорт тоа го оправда како победа на демократска Србија, иако на другиот крај на гордоста на познатите нишки полицајци, од безброј можности да се искажат, одбраа да го претепаат братот на премиерот и градоначалник на Белград.
Како се случи тоа и поради што, на кој начин се искажаа и на брутален начин ги судрија илузиите за моќта на суровата физичка сила, ќе покаже истрагата, која како и секогаш е во тек. Можно е да не ги дознаеме деталите и дека многу од тоа ќе остане во областа на невкусни таблоидни шпекулации. Во секој случај, претераната активност на Александар Вучиќ, неговите секојдневни појавувања и дефинитивните толкувања на сѐ што е важно, сведочат за сомнителна компетенција на останатите министри. И тоа во најважните ресори. Судството е парализирано веќе цели три недели, министерот Селаковиќ не е моќен да се избори со тешката криза која сам ја предизвика блокирајќи ги неоттуѓивите адвокатски надлежности.
Министерот на полицијата е сѐ уште под хипотека на обвинение за плагијат и во сенка на вечниот директор Милорад Вељовиќ. Двајцата се во професионална дефанзива, немоќни да решат витални проблеми во елитните единици, кои се оттуѓија, имаат своја химна, свои автономни правила и вредносен систем надвор од државните регулативи. Не станува тука збор само за претепувањето на братот на премиерот, туку за воспоставената традиција на таков вид.
Поради тоа не е доволно прецизна паролата за силата, која често ја користат високи државници, дека никој не е посилен од државата. На кого се однесува тоа? Дали на тие кои атакуваат на државата во име на народот или се работи за некоја латентна мрачна сила, која државата веќе ја забележала, а граѓаните не.
Со многу слаб отпор на најавените мерки на владата за полнење на буџетот, се покажа дека во пензионерските организации во Србија (ПУПС, Здружение на пензионери) се единствени во светот. Се изјаснија против пензионерите кои (формално) ги застапуваат и ги поддржаа драстичните мерки против своите членови. Причината за тоа е толку срамна, а перверзниот став може да биде само еден: чување на позициите на нивните раководства. ПУПС е во колапс, но неговиот претседател е на државно раководство и тоа е еден од апсурдите кој не држи во долго и тешко бунило.
Дали за се ова може да се зборува јавно? Може, секако, но се повеќе има езоповски јазик, а се помалку простор. Познатиот теоретичар на медиумите Маршал Маклаун, рече дека цензурата всушност не постои и дека може да се зборува за се. Освојувањето на слободата зависи од способноста таа да се освои. Никој не ја третира, па ни саканата власт. Но, автоцензурата е производ на оправдан страв. Проблемот на Сарап е веќе апсолвиран, а и Оља Бечковиќ остана без можност да работи. Се надевам, само привремено, иако, кој да знае. Гарсија Маркес, новинар, смета дека информативната клаустрофобија предизвикува бунтовен рефлекс, бидејќи нема друг излез. Значи, тука не се работи за страв на авторот, добро познат и на Оља и на Сарап, туку за грижата на чиновниците кои ги уредуваат. Веднаш тука се отвораат места за новинарски суклати, приучени апологети и сервилни обожаватели.
На тој начин, цензурата во вид на ирационална автоцензура, е спуштена на најниско можно ниво, на кое за слободата на медиумите одлучуваат неуки и неписмени, бидејќи само така умеат да ја покажат својата лојалност. Притоа, тоа никој од нив не го бара, барем не во облик на барање за класично гасење на новинарскиот јазик. Но, тие упорно го нудат тоа што го имаат и ја користат климата за што подобро да ја уновчат својата безначајност.
Во вака опишаниот амбиент, премиерот добива признанија од странство за своите реформски потфати, но се чини дека нема доволно добра поддршка од својата партија и коалиционите партнери. Неговите соработници се без сила да ги завршат дури и да ги почнат своите работи и тоа е веќе доволно широк простор премиерот постојано да се докажува дека мора се да направи сам.
Секако, тој тоа не може да го направи, бидејќи тоа не може никој, но самиот создаде таков систем. Иако и покрај некои индикатори кои се нудат по пат на истражувања и впачатоци, не можам да се согласам со ставот дека во Србија се работи за еден вид на плебисцитарна тиранија. Т.е. постоење на оној хибрид, кој на силна личност и дава право на севластие според волјата на народот.
Таков систем на апсолутна власт, настанат врз осно на љубовта на мнозинството, всушност е неодржлив, бидејќи обожувањето на лидерите во Србија е чувство кое тешко може да се одреди. Ако наскоро не биде подобро, емоциите ќе се изгасат побрзо од што се разгореа. Значи, ако ова во Србија е еден вид на посакуван деспотизам, тој систем е достоен за секое сожалување.
Во се што предизвикува несоница и депресија, дознавме дека нашата Маријана Милосављевиќ на својата пријателка која е тешко болна и донирала бубрег. Божествен подарок, вест за која вреди да се живее.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.