| четврток, 6 декември 2018 |

Орав се сретна со трите пратенички од опозицијата (фото)

Откако еврокомесарот за проширување Штефан Филе посочи дека партиските интереси се ставени пред националниот интерес и побара Владата и опозицијата во Македонија да бидат одговорни, политичката дебата примарно да ја одвиваат во парламентот, европретставникот во земјава, Аиво Орав, во Собранието се сретна со пратениците од опозицијата кои, сепак, и покрај одлуката на коалицијата која е во опозиција, решија да бидат дел од работата на парламентот… Тој седна на маса со Роза Каревска-Топузова, Солза Грчева и Љубица Буралиева. Екипата на „Република“ е во Собрание, наскоро со повеќе информации за разговорот на Орав со трите пратенички.

Oraf opozicija sobranie 4 (Custom)  Oraf opozicija sobranie 3 (Custom) Oraf opozicija sobranie 1 (Custom) Oraf opozicija sobranie 2 (Custom)

Фото: Игор Ангелов

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top