| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден Косовец убиен на боиштата во Сирија

Iraq launches operation near Syria, Jordan border

Косовскиот државјанин од село во близина на Урошевац е убиен на боиштата во Сирија. Веста на семејството им ја соопштил неговиот помал брат, кој, исто така, бил во Сирија и се борел заедно со него на страната на групата Исламска држава (ИД).

Убиениот, на возраст од 23 години, заминал за Сирија во јуни годинава и со себе ги повел помалиот, 18-годишен брат, 20-годишната сопруга и двата сина на возраст од три и една година.

Според изјавата на неговиот татко, пред да заминат според нивното однесување сфатил што се случува, ги пријавил во полиција и оттаму им ги одзеле пасошите. Но, тие сепак заминале од, како што подоцна му јавиле, аеродромот во Тирана за Турција. Тој заминал да ги бара во Сирија за да ги врати, но иако во градот Алепо останал осум дена, не ги нашол.

За нивното заминување во Сирија тој го обвинува имамот Нехат Хисени.  Косовските новинари го посетиле, но тој не сакал да дава изјави.

Последните денови од септември роднините ја потврдија смртта на еден седумнаесетгодишник од село кај Гњилане, кој, исто така, загинал на боиштата во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top