Има безброј начини како да го подготвите пилешкото месо. Во сос, во тава, може да го полните или, пак, да го маринирате со разни зачини. Може да го направите на скара, но и во тава. Ние ви предлагаме да го печете во ребреста тава, а да го маринирате со лимон.
Состојки:
400 грама пилешки гради
2 лимонa
2 чешниња лук
Китка магдонос
Сол, црн пипер
Маслиново масло
Подготовка:
Пилешките гради исчистете ги од жили и исечете ги на тенки парчиња. Ситно исечкајте го лукот, па со него истријте го месото, кое веќе сте го исекле на парчиња. Измијте го лимонот и потоа исцедете сок.
Во посебен сад помешајте го маслиновото масло со сокот од лимон. Со оваа маринада прелејте го пилешкото филе. Потоа филето со маринадата треба да постојат во покриен сад најмалку половина час. Ако е потребно, повремено превртете ги во садот парчињата месо за добро да се натопат во маринадата.
Исечкајте го лукот. На ребрестата тава ставете дел од содржината за маринада и потоа пржете го филето од секоја страна сѐ додека не добие боја. Потоа сервирајте го на топла чинија, а секое парче прелејте го со сос во кој се пржело пилешкото филе. Потоа исцедете свеж сок од лимон, додајте сол и црн пипер и на крај посипете го со ситно сечкан магдонос.
Со филето може да сервирате варен ориз или ситна тестенина, која, исто така, може да ја прелеете со сосот во кој се пржеле пилешките гради.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст