| четврток, 6 декември 2018 |

Србија под притисок од Западот: Спречете го доаѓањето руски шпиони

spying_guyЗападот остро се противи на договорот за имунитет на Српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш, кој ќе биде потпишан на 16 октомври. Руските цивили со тоа ќе добијат дипломатски статус, а САД го гледаат тоа како простор за шпионажа.

Договорот со олеснувања, имунитет и привилегии на Српско-рускиот хуманитарен центар е еден од седумте што Србија ќе ги потпише со Руската Федерација на 16 октомври за време на посетата на Владимир Путин во Белград. Оваа ситуација ја изложи Србија на нов притисок од страна на САД и Европската унија.

Според зборовите на анонимен извор од српските дипломатски кругови, со тој договор вработените во Центарот ќе имаат поголем степен на заштита, што САД и ЕУ го оценуваат како целосна слобода на руските шпиони да работат во Србија, но и да работат на загрозување на интересите на Западот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top