| четврток, 6 декември 2018 |

Скандалозна изјава на Џон Кери: Ужасно е да се гледаат случувањата од Кобане, но спасувањето не ни е стратегиска цел

џихадисти

Американскиот државен секретар Џон Кери директно призна дека спречувањето на падот на сирискиот град Кобане во рацете на исламистите на Исламската држава не е американска стратегиска цел, а замислата за тампон-зона треба добро да се проучи.
– Колку и да е ужаснувачки да се гледа преносот во живо од тоа што се случува во Кобане… морате малку да се повлечте и да ја согледате стратегиската цел – рекол Џон Кери на заедничката конференција за новинари со британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд.
– Независно од кризата во Кобане, примарни цели на нашите напади се командните центри, инфраструктурата. Настојуваме Исламската држава да ја загуби способноста за војување не само во Кобане, туку и во цела Сирија и Ирак – рекол Кери.Американскиот државен секретар рекол дека очекува од Турција, која побара воспоставување зона за забранети летови во Сирија и засилени дејства против силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, во идните часови и денови да реши каква улога може да игра во борбата против ИСИЛ.

Франција објави дека ја поддржува идејата за воспоставување тампон-зона меѓу Турција и Сирија, која би била заштитено подрачје за бегалците, но Кери и Хамонд биле внимателни со реакциите во тој поглед.

– Идејата за тампон-зоната е вредна за разгледување, но треба многу внимателно да се проучи – рекол Кери.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top