| четврток, 6 декември 2018 |

Кина е нова најголема економска сила

Кина ги надмина САД и стана најголема економска сила на светот, според податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

kina vo romanija

„Фајненшел тајмс“ претходно веќе укажуваше дека ќе дојде до смена на врвот, а во април објави текст со кој најави дека смената само што не се случила.

ММФ во анализата на тоа кој сега е најголема економска сила го користеше методот на кој е додаден паритетот на куповната моќ, односото на општите индекси на цените меѓу државите.

ММФ го мери бруто домашниот производ (БДП) и во смисла на пазарна размена и во смисла на потрошувачка моќ. Врз основа на куповната моќ Кина сега ги претекнува САД и станува најголема економија на светот.

До крајот на 2014 година Кина ќе сочинува 16,48 отсто од светскиот БДП, во кој е пресметан паритетот на куповната моќ (17.632 милијарди долари), додека уделот на САД ќе биде 16,28 отсто (17.416 милијарди долари).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top