Единаесет членови на едно исто француско семејство ја напуштиле Ница и тргнале во Сирија за да водат џихад, а Антитерористичката служба на јавното обвинителство отвори истрага за ова ново заминување во Сирија, јавува дописникот
на МИА од Париз.
Станува збор за еден брат, две сестри, нивните сопрузи и децата од кои едно бебе. Некои од нив се радикализирале во последно време и заминале за Турција.
Нивното исчезнување е сигнализирано од лице блиско до семејството, откако ја изгубил трагата на семејството во септември. По оваа пријава јавното обвинителство од Ница отвори истрага. Според истражните органи, постојат „силни сомнежи“ дека заминале за Сирија и поради тоа истрагата е доделена на специјализиработо обвинителство.
Ова не би било прво колективно заминување во џихад. Минатата недела, група од единаесет Французи со потекло од Антилите заменале во џихад самите или со нивното семејство.
Во септември едно семејство Антони (28 години), Сабрина (23 години) и нивното тригодишно дете заминале да се борат на страната на Исламската држава.
Во текот на минатото лето петчлено семејство беше во последен момент спречено да замнини за Сирија. Притоа, едем
маж, бремена жена и нивните три деца на возраст од 8 месеси до 3 години беа уапсени на аеродормот во Орли, кога се подготвуваа да се качат на авион за Истанбул.
Според податоците кои се објавени во Франција, од 2012 година се проценува дека 150 Французи и се приклучиле на Исламската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!



