
Македонија, по деталната анализа од страна на Европската Комисија ја доби шестата препорака на ЕК до Советот на ЕУ, за почеток на пристапните преговори, со оценка дека и покрај тешката година и низата сериозни предизвици, политичките критериуми се пресретнуваат на задоволително ниво, со видлив напредок во делот на економските критериуми и со високо ниво на усогласеност на нашето со правото на ЕУ.
ЕК во исто време, ја насочуваат Македонија, како и секоја година претходно, да се фокусира и да вложи дополнителни напори во конкретни акции за адресирање на политичките предизвици во делот на судството, медиумите, како и реформата на јавната администрација, пресретнување на наодите на ОДИХР, зајакнување на довербата во државните институции, обновување на политичкиот дијалог и зајакнување на меѓуетничката доверба. Во последниот извештај објавен денеска. Комисјата отворено искажува и доза на самокритичност поради фактот дека во континуитет не успева да го убеди Советот на ЕУ дека треба да донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и дека таквата ситуација има негативен импакт на интегративниот процес и реформите во земјата.
Не е изоставен ниту долгогодишниот спор со Грција и „прашањето околу името“, кој негативно се одразува напроцесот за пристапување кон ЕУ. Директно се посочува и на потребата од одлучна акција и про-активна поддршка од страна на ЕУ лидерите,
Комисијата останува на ставот дека доколку започнеше со скрининг постапката и дискусија во Советот за Преговарачката рамка на пристапните преговори, ќе се креираше позитивен моментум и како основа за изнаоѓање на решение околу името, пред отварањето на преговорите по поглавја.
Комисијата на крајот, подава рака и порачува дека останува посветена на поддршката за Македонија и нашите напори за членство во ЕУ, вклучително и преку Пристапниот дијалог на високо ниво- ПДВН и забрзување на нашите напори за продолжување со реформите поврзани со ЕУ интеграцијата.

Клучни пораки од Извештајот за Македонија за 2014 година
o Политички критериуми:
- Македонија продолжува да ги исполнува политичките критериуми на задоволително ниво за членство во ЕУ,
- Комплетирани е огромен дел од реформите во судството, при што земјата е усогласена на високо ниво, според нивото во односите со ЕУ на кое се наоѓа во моментов,
- Потребни се напори, на позицијата и опозицијата, за враќање на политичкито дијалог во Собранието на РМ,
- Фокусот на реформите треба да се насочи кон натамошни реформи и интервенции во делот на изборниот процес, медиуми, јавна администрација, квалитетот на судството и зајакнување на довербата во меѓуетничките односи, вклучително и натамошна имплементација на ОД,
- Македонија игра проактивна и позитивна улога во делот на регионална соработка, но прашањето на разговорите со Грција околу името, има влијание на односите со таа земја членка на ЕУ, поради што се очекува продолжување на преговорите под покровителство на ОН за изнаоѓање на меѓусебно прифатливо решение.
o Економски критериуми:
- Македонија продолжи успешно да се опоравува и во 2014 година со задржување на економската стабилност на високо ниво,
- Земјата е добро напредната во постигнувањето на нивото потребно за функционална пазарна економија, а со натамошното спроведување на структурните реформи, може на среден рок да се справи и со конкурентскиот притисок на пазарот на ЕУ,
- Во натамошниот период земјата треба да се фокусира на натамошен развој на приватниот сектор, намалување на невработеноста, унапредување на управувањето со јавните финансии и стратешкото планирање,
o Ниво на усогласеност со ЕУ регулативата:
- Комисијата повторно констатира дека нивото на усогласеност на нашето право со тоа на ЕУ е на многу напредно и високо ниво, како на ниво на прописи, така и на ниво на политики и административни капацитети,
- Комисијата смета дека ваквото ниво е сосема доволно за да се помине на следната фаза од процесот (пристапни преговори),
- Фокусот треба да остане на развивање на институционалните капацитети, како континуиран процес и на зајакнување на координативните механизми и обезбедување на ефикасна имплементација на ЕУ правото во пракса,
Фото: Ѓорги Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


