Сопственикот на Формула 1 Берни Еклстон потврди дека од 2016 година во календарот на натпреварувањето влегува и трката низ улиците на Баку.
– Во Азербејџан ќе се вози нова трка од шампионатот во Формула 1. Мило ми е што видов дека новата патека веќе е дизајнирана и очекувам да се овозможи врвно натпреварување – истакна Еклстон.
Веќе в недела во Сочи ќе се вози премиерната трка од Формула 1 за Големата награда во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


