| четврток, 6 декември 2018 |

Претрес во Желино

aracinovo-policija-2
Во текот на вчерашниот ден бил извршен претрес во домот и помошните простории на 55-годишниот М.Б. во Желино, Тетовско. Во претресот се пронајдени и одземени повеќе предмети, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби во трговски и други објекти во Тетово: рачен циркулар,  бургии, електричен кабел, фотоапарат, лаптоп, рачни часовници, паричник, бормашина, телевизор и друго. Извршен е претрес и во домот на 25-годишниот Ј.Б.од Желино, при што се пронајдени тренерки, јакни и мобилен телефон.

Пронајдените предмети и неговото патничко возило „БМВ“, за кое постои сомнение дека било користено во повеќе кражби, се одземени и ќе се вештачат. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top