Овие избори се за граѓаните што не ги интересира висока политика, туку убавината на нивниот живот. Се решив да се кандидирам за градоначалник затоа што имам концепт за општината, затоа што знам како Карпош ќе изгледа по четири години, рече вчера кандидатот за градоначалник од Српската напредна странка за општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Поранешниот член на СДСМ вечерва одржа митинг на кој побара уште еден градоначалнички мандат и најави воведување на гасификацијата и решавање на проблемот со паркирањето.
– Нови паркинзи ќе има, но зонско паркирање ќе нема. Од 2014 година во основните училишта бесплатна ќе биде ужинката и ексурзиите, а и децата во градинките ќе одат бесплатно – изјави вечерва Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.