| четврток, 6 декември 2018 |

Либерман: Шведската Влада го влошува израелско-палестинскиот конфликт

Таквиот чекор е против секаква логика, пишува Либерман во ексклузивен дебатен напис за шведскиот дневен весник „Дагенс нихетер“.

Најавите од страна на новата Влада на шведскиот премиер Стефан Ловен за признавање на Палестина, според мислењето на шефот на израелската дипломатија, ги влошува состојбите во израелско-палестинскиот конфликт.

Овој немотивиран фокус токму врз израелско-палестинскиот конфликт не е само неизбалансиран, тој во основа е неправеден, пишува Авигдор Либерман.

Таквиот чекор не е обмислен како реално решение на еден надворешно-политички проблем. Се чини дека целта е да се испрати смирувачка порака до делови на јавното мнение во Шведска. Жалне е што внатрешно политичките сосотјби да определеуваат една контрапродуктивна и неодговорна надворешна политика, истакнува меѓу другото Либерман во својот дебатен напис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top