| четврток, 6 декември 2018 |

Сирија пријави четири нови објекти за хемиско оружје

хемиско

– Сирија пријави четири објекти за производство на хемиско оружје, за кои претходно не информирала – изјави синоќа пред Советот за безбедност на ОН специјалниот координатор на Мисијата на Организацијата за забрана на хемиско оружје, Сигрид Каг.

Тој на затворената седница на Советот посочи дека три од објектите биле за испитување и преработка, а едниот за производство, но оти нема нови хемиски супстанци поврзани со нив.

Изјавата на Каг ја зголемува возмнемиреноста дека сириската Влада не ја пријавила целата програма за производство на хемиско оружје.

Американскиот амбасадор во ОН, Саманта Пауер, на „Твитер“ напиша: Треба да се поддржи притисокот врз режимот за да не се кријат капацитетите за производство на хемиското оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top