Насилни протести ја потресоа Турција откако курдиското население излезе на улиците заради одбивањето на Анкара да преземе воена акција против напредувањето на Исламска држава и заземањето на курдскиот стратешки град во Сирија, Кобани. Се протестира од Истанбул до Дијарбакир на истокот.
Според последните информации во протестите најмалку 12-мина загинале, а голем број се повредени. Во Дијарбакир демонстрантите палеле гуми и фрлале со молотови коктели кон полицијата, во градот Баскале запален е споменикот на Кемал Ататурк. Во Вани и Мардина, во пограничната провинција, е прогласен полициски ча, за да се смират страстите.
Турскиот претседател Ердоган најави дека Кобани веројатно ќе падне во рацете на ИД. Заменик премиерот Акдоган пак тврди ги отфрли обвинувањата дека Турција не прави доволно.
-Турција прави се што може во хуманитарен аспект, а со демонстрациите се нанесува неправда врз добронамерните турски напори- додава тој.
Протестите во Турција се дел од поширок протест на Курдите низ европскиот континент против офанзивата на ИДИЛ. Се бара помош за курдското население во Сирија кое се бори да ги запре џихадистите .
Така, во центарот на Лондон, подземната железничка станица „Оксворд Циркус“ беше привремено затворена заради еден протест, а вчера курдски демонстранти го запоседнаа третиот спрат на Европскиот Парламент. Околу 600 Курди протестираа во Берлин, додека холандскиот парламент во Хаг за момент беше окупиран од демонстрантите.
Дел од државите доделија оружје на клурдските борци, дел учествуваат во воздушните напади врз ИД, но тоа до сега не ги сопре џихадистите во офанзивата.
Над 2.000 сириски Курди, меѓу кои жени и деца, се евакуирани од Кобане, додека борците на ИД напредуваат кон центарот на градот. Џихадистите од ИД во понеделникот заземаа три населби во сирискиот град Кобани, на границата со Турција. Според податоците на сириската опсерваторија за човекови права за три недели, колку траат борбите за Кобани, загинале 402 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија


