| четврток, 6 декември 2018 |

Цензура за аргентинската претседателка- потсетила на поддршката на САД за џихадистите

cristina_habla_onu_presidencia_46948Телевизиски станици во светот го „пресекле“ преносот и преводот од обраќањето на аргентинската претседателка на Генерелното собрание на ООН, откако Кристина Фернандез де Кирчнер се нафрлила на САД и на нивните сојузници поради војната со ИДИЛ. Во дел од нејзиниот говор е објавен на социјалните мрежи во Јужна Америка, таа се навраќа на времето кога за САД сегашните терористи беа „револуционери“.

– Овде бевме пред една година кога како „терористички режим“ беше означена владата на сирискиот претседател Асад, а се поддржаа „бунтовниците“ во Сирија, кои ги дефиниравте како „револуционери“. Денес се собравме за да ги искорениме овие револуционери за кои се испостави дека се терористи. Хезболах го ставивте на листа на терористички организации, а тоа е голема призната партија во Либан. Денес, се собравме за да усвоиме резолуција за нашата одговорност и меѓународната борба против Исламска државе, организација која користи потпора на сојузниците во големите земји членки на Советот за безбедност на ОН – вели Кристина Фернандез де Кирчнер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top