Поранешниот фронтмен на „Смитс“, Морисеј за шпанскиот „Ел Мундо“ откри дека боледува од рак, без да прецизира за кој вид се работи, а одби да даде и други детали за тешката болест.
– Веќе поминав низ четири третмани и моментно се чувствувам добро. Свесен сум дека на многу фотографии изгледав многу болно, но тоа е она што болеста е способна да го направи од човекот – вели Морисеј.
Тој наглсува дека не се оптоварува со болеста и дека не се плаши од тоа „што ќе биде утре“.
– Не се плашам од смртта – рече Морисеј во интервјуто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.