| четврток, 6 декември 2018 |

Фетел од Ферари доби понуда која не се одбива

Актуелниот светски шампион Себастијан Фетел во петокот објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Ред Бул, а се претпоставува дека тоа ќе го направи поради понудата што ја добил од Ферари, иако Германецот тврди дека се во прашање нови предизвици.

Засега сѐ уште нема потврда за овие вести, но италијанските медиуми тврдат дека четирикратниот шампион ќе потпише петгодишен договор со Ферари за неверојатни 125 милиони евра, односно 25 милиони по сезона.

Фетел има договор со Ред Бул до крајот на 2015 година, но во клаузулата стои дека доколку во сезоната пред истекувањето на договорот заврши подолу од третата позиција, договорот може да биде раскинат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top