| четврток, 6 декември 2018 |

Лондонски готвач направи гламбургер кој чини 1.400 евра

102065334-GLAMBURGER_8.530x298

Вкусно јадење под името гламбургер наскоро треба да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најскап хамбургер бидејќи неговата цена е 1.400 евра.

Ова јадење го направи Крис Ларџ, шеф на лондонскиот ресторан „Хонки Тонк“.

Некои од состојките со кои се прави гламбургер се канадски јастог, потоа сирењето бри, специјално говедско од Азија, парчиња црни тартуфи. За рамнотежа на вкусовите има и месо од новозеландски дивеч.

Меѓу состојките има и хималајска сол, сол од ирански шафран, димена сланина, манго, бели тартуфи, јаворов сируп, мајонез, пренесуваат британските медиуми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top