Меѓународната заедница мора итно да дејствува за да го спаси градот Кобане, кој наскоро ќе падне во рацете на Исламската држава, порача специјалниот претставник на ОН за Сирија Штефан де Мистура.
– Сите длабоко жалиме поради тоа што Исламската држава најде можност да заземе град што толку храбро се брани, но наскоро ќе падне. Мораме веднаш да дејствуваме. Меѓународната заедница има обврска да го одбрани и не смее да дозволи тој град да падне во рацете на Исламската држава – рекол де Мистура.
Апелот го испрати во моментите додека припадниците на ИСИЛ се на портите на овој стратегиски град, а курдските бранители попуштаат по повеќедневниот отпор. Според зборовите на специјалниот пратеник, курдските борци имаат само лесно оружје, а ИСИЛ располага со тенкови и со минофрлачи.
– Без дополнителна меѓународна помош ќе стане ужас. Светот веќе виде што се случува кога град во Ирак или Сирија ќе падне во рацете на таа терористичка група. Масакри, хуманитарна катастрофа, силувања и ужасно насилство – заклучува де Мистура.
Освојувањето на овој град би било голема победа на ИСИЛ, која би имала надзор на голем дел од граничниот појас. Арапски и американски авиони вчера извршиле воздушни удари околу градот. Во градот и во околината од средината на септември загинале најмалку 412 луѓе од кои половината се припадници на ИСИЛ, соопшти сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!