| четврток, 6 декември 2018 |

Драматична битка за Кобане: Помогнете ќе не докрајчат, воздушните напади не помагаат!

Драматична битка за Кобане, град на границата на Сирија со Турција кој изминативе недели се најде под оган на иламистите од Исламската држава, продолжи денеска, еден ден откако терористите на објектите во поедини делови од градот разеаја свои знамиња, Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека воздушните напади од кои дел овие денови е пренасочен кон Кобане, нема да бидат доволни за спас на градот кој би можел да падне секој момент.

-Проблемот  со исламска држава не е можно да се реши со фрлање бомби од воздух. Во овој миг може да се рече дека Кобане е пред пад. Го предупредивме Западот, баравме три нешта: зона на забранети летови, сигурна зона паралелна со првата и обука на умерените сириски бунтовници, рече Ердоган пр посетата на еден камп за бегалци во кој се сместени Сиријци.

Додаде дека теророт нема да има крај освен ако не почнеме да соработуваме на копнена операција. Не појасни што смета за копнена операција, односно кој би бил вклучен во неа.

Ако ИСИС го преземе Кобане, тоа значи дека ќе избие директно на границата со Турција, моќна членка на НАТО која досега се држеше настрана во пресметката со терористите, а некои дури и ја обвинуваат дека им давала поддршка, слободен премин до боиштата во Сирија и Ирак.

Најсилен отпор на изламистите во Кобане им пружиле курдите кои се бесни на Ердоган бидејќи турската војска со денови седи мирно на границата и набљудува како градот постојано паѓа, а жителите во паника и очај се обидуваат да избегаат. Идрис Нахсен кој сеуште се наоѓа во Кобане ја повика меѓународната заедница да пружи помош. „Или ние ќе ги докрајчиме нив (ИСИС) или тие нас ќе не докрајчат, рече напомнувајќи дека градот е под опсада од три страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top