| четврток, 6 декември 2018 |

На раб на војна: Рускиот СУ-27 на помалку од метар изведе опасен маневар и го покажа оружјето

Над Балтичкото море се случи нов меѓународен инцидент кога рускиот ловец су-27 изведе опасен маневар и и пријде на помалку од еден метар на шведскиот воен авион, тврдат шведските власти. Шведската разузнавачка служба забележала зголемени активности на руските воени сили во тој дел од Европа. FRA-Шведската разузнавачка служба објави соопштение во кое тврди дека рускиот ловец извел агресивен маневар кон шведскиот авион и тоа наводно на оддалеченост од еден метар, а потоа му го покажал оружјето под крилото. Тие дури пуштија во јавност и фотографија од рускиот ловец на која се гледа агресивното застрашувачко покажување „мускули“.
Швеѓаните тврдат дека оваа не е изолиран случај и дека слични инциденти се случиле неколку пати во изминативе шест месеци.
-Во последниве години забележано е зголемување на воената активност над Балтикот. Меѓу останатото тоа се и руски ловци кои на агресивен начин ги провоцираат воените авиони на другите држави, вели Лена Ниберг, шеф на шведските разузнавачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top