Стотина курдски демонстранти влетаа во седиштето на Европскиот парламент, како предупредување на нападите на терористичките организации на ИД на курдскиот град Кобане во Сирија.
Тие успеале да го изненадат обезбедувањето на влезот на Парламентот. Носејќи знамиња и транспаренти со фотографии на лидерот Абдула Оџалан, влегле во зградата за да им се обратат на неколку пратеници. Тие биле примени и од Мартин Шулц.
Шулц пак не го одобрил начинот на кој влегле во парламентот, но посочил дека ги поддржува напорите за стопирање на ИД. Со ветувањето дека нивната порака ќе стигне до НАТО, демонстрантите мирно го напуштиле Европскиот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


