| четврток, 6 декември 2018 |

Српска покана за Обама и Камерон за учество на воената парада

Американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон се поканети да учествуваат на воената парада на 16 октомври во Белград, изјавил српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ, пренесува Танјуг.

parada

На парадата на која ќе учествува рускиот претседател Владимир Путин, поканети се сите сојузници на српската војска и тогашната војска на Југославија, по повод 70 години од ослободувањето на Белград во Втората светска војна.

-Сите сојузници на тогашната војска на Југославија се поканети да учествуваат во прославата – изјавил Гашиќ, демантирајќи ги тврдењата дека постоел притисок од западните земји оваа парада да не се одржи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top