| четврток, 6 декември 2018 |

Тот: Шумахер наскоро ќе води нормален живот

sumaher
Претседателот на Светската автомобилистичка федерација Жан Тот го посетил Михаел Шумахер, а веднаш потоа дал изјава за медиумите која ќе ги израдува неговите фанови, но и воопшто љубителите на спортот.
Михаел Шумахер можеби никогаш повеќе нема да седне во болид, но неговата состојба се подобрува и наскоро би можел да води нормален живот. Ова го изјави претседателот на Светската автомобилистичка федерација Жан Тот и голем пријател на легендарниот Ф1 возач откако го посетил во неговата семејна куќа

-Се разбира, Михаел веројатно никогаш повеќе нема да вози болид, но тој се бори. Неговата состојба се подобрува, што секако е многу важно. Важно е и тоа што се наоѓа дома, во друштво со неговото семејство, изјави Жан Тот.

Откако Шумахер е пуштен од клиниката во Лозана и рехабилитацијата ја продолжи во семејната куќа, малку информации за неговата состојба стигнуваат до јавноста. Поради тоа изјавата на Жан Тот ќе ги израдува фановите на седумкратниот Ф1 шампион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top