| четврток, 6 декември 2018 |

Цената на нафтата под притисок за опаѓање

нафтаЦената за барел нафта се стабилизира на над 92 долара на меѓународните пазари, со што го надмина најнискиот левел во последните 27 месеци постигнат ден претходно.

Во Лондон цената за барел падна за 40 центи во однос на вчерашното затворање, на 92,39 долари. На американскиот пазар се тргуваше исто така за 40 центи пониска цена, за 89,39 долари.

Во понеделникот во еден момент нафтата падна на најниска цена од 2012 од 91,25 долари заради обилната количина на нафта до висок квалитет која ги надминува побарувањата од атлантскиот басен и Азија.

Заситеноста на побарувачката на неколку пазари ја засени опасноста дека судирите на блискиот исток може да предизвикаат пореметување во понудата, заради борби во Ирак кој е  втор производител во ОПЕК.

Но, слабеењето на доларот го застана падот на цената на нафтата. Американската валута претрпе најголем дневен пад во понеделникот. Цената на нафатата изразена во долари и неговото слабеење ја прават нафтата поевтина за остатокот од светот.

Драматичниот пад на цената на нафтата последните неколку месеци ги наведе некои американски аналитичари да помислат дека времето на релативно високи цени можеби е при крај, бидејќи производството на нафта расте побрзо отколку потрошувачката.

Производството во САД порасна за 3 милиони барели дневно во однос на 2010 година. Успорениот раст пак притисна на побарувачката за гориво, енергетската ефикасност се подобри, а користењето на алтернативни горива исто така ја става под контрола побарувачката на нафта.

Според информациите на Ројтерс, американските резерви на сурова нафта минатата недела пораснале за 1,4 милиони барели, на 358 милиони барели.

Државите членки на ОПЕК идниот месец ќе се состанат во Виена, Австрија, за да го разглчедаат производството и можеби да одлучат истото да се намали.

Експертите посочуваат дека доколку не се намали проуизводството, цената на нафтата ќе остане под притисок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top