Германскиот весник „Зидојче цајтунг” (ЗЦ) наведува дека Косово, од каде во војната на Блискиот исток загинаа повеќе од 40 луѓе, и Босна, со повеќе од 30 загинати, предничат во регрутацијата на џихадисти од Балканот.
Во Србија се преземаат мерки кои предвидуваат десетгодишна казна затвор, со што на исламските групи би им се отежнала и спречила регрутацијата на борци. Германскиот весник пишува дека „како и во другите сиромашни балкански земји со висока стапка на невработеност и на Косово расте влијанието на радикалните сили“ и дека според проценките на косовските безбедносни служби и американската ЦИА во војните на Блискиот исток имало 150 луѓе од Косово.
Покрај лицата од Косово, во војните учествувале и 140 лица од Албанија, 30 од Црна Гора и 20 од Македонија.
-Балканот, покрај западните држави со бројно муслиманско малцинство, како што се Франција, Белгија и Англија, стана една од главните области за регрутација на војници од Европа за Исламската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


