| четврток, 6 декември 2018 |

Девет најсреќни моменти во животот

Постојат моменти во животот кои успеваат да ни измамат насмевка и по многу години откако се случиле.

Раѓање на бебе
За голем број луѓе еден од најсреќните моменти во животот е оној кога првпат го зеле своето дете в раце.

Венчавка
Денот на венчавањето е круна на љубовта. Кај вљубените двојки кои одлучиле да делат добро и лошо во животот, венчавката доаѓа како потврда на тие чувства.

Остварување на целта
Иако целите ги мериме по нивното значење или влијанието врз животот на поединецот, научно е докажано дека луѓето се најсреќни ако успеале да ја остварат целта која им се чинела тешкоостварлива. Остварувањето на целта го јакне чувството на самодоверба.

Моментот на родителско признание
Сознанието дека со своето однесување и работа сте ги направиле среќни родителите и оти тие се горди на вас, е момент кој секој човек го прави среќен.

Патувања за кои сте сонувале
Било да станува збор за одење во Париз, во Индија, во Венеција или на Хималаите, поголемиот број од луѓето имаат дестинација за која мечтаат. Остварувањето на тој сон се памти цел живот.

Прва плата
Без оглед дали станува збор за сериозна или хонорарна рабоа, првата плата е влезница во светот на возрасните, доказ за способност. Тоа не се добиени пари, туку заработени, па тоа се цени повеќе отколку каков било друг подарок во животот.

Работа од соништата
Ако најдете работата за која сте сонувале, среќата е загарантирана. Мал број луѓе имаат можност навистина да го работат тоа што го сакаат.

Прва љубов
Иако секоја љубов е убава, првата е поинаква и се памти цел живот, поради чувството на целосна преданост, не размислување за последиците и уживањето во новооткриени волшепства кои ги носи љубовниот однос.

Завршување на образованието
Меѓу деветте најсреќни случувања во животот секако спаѓа и завршувањето на формалното образование. Тоа што го прави посебно се безбројте животни можности кои потоа се отвораат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top