| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството на Ивана се помири со вистината – телото на убиеното девојче ќе биде погребано

505481_ivanapodrascic11408526822670x0_ff

Телото кое е во фаза на распаѓање, пронајдено на 2 октомври, ѝ припаѓа на Ивана Подрашчиќ (14) која е силувана па брутално убиена со мотика, потврдуваат резултатите од ДНК-анализата. Иако семејството на Ивана не сакаше да ја прифати тажната вест за убиството на својата ќерка и сестра, синоќа мораше да се помири со тоа дека нивната ќерка веќе ја нема. Мајката Нада едвај успеала да стои на нозе и не можела да изусти ниту еден збор, а сестра ѝ постојано плачела.
-Ќе го пограбеме нашето дете. Нема веќе сомнеж, се работи за мојата ќерка. Не е вистина дека сме рекле дека нема да го земеме телото на нашето чедо, а медиумите треба да внимаваат што објавуваат – вели мајката на Ивана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top