На територијата што Дмитриј Медведев ѝ ја отстапи на Норвешка, во рамки на договорот за разграничување на Баренцово Море, се пронајдени огромни резерви на нафта и на гас. Норвешкиот нафтен директорат ги објави резултатите од двегодишното истражување на дното на Баренцово Море, кое Русија пред три години ѝ го отстапи на Норвешка. Се испоставило дека тука се наоѓаат резерви на нафта и на гас кои ги надминуваат и најоптимистичките прогнози: најмалку 300 милиони кубни метри јагленоводород од кои може да се добие 1,9 милијарда барели нафта, чија вредност се проценува на 30 милијарди евра.
Преговорите за спорната територија во Баренцово Море и Северен Леден Океан, површина од 175 000 квадратни метри, се водени меѓу СССР и Норвешка во 70-тите години на минатиот век. Конечниот договор е потпишан во 2010 година од тогашниот руски претседател Медведев и норвешкиот премиер Јенс Столтенберг.
Уште тогаш руските критичари изјавија дека Москва избрзала кога прифатила да се откаже од спорната територија. Нивните сомневања се покажаа како точни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.