| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за лицето што пукаше во адвокатот Игнат Панчевски

ignat pancevski
СВР Скопје поднесе кривична пријава за Ф.Љ.(26) од Скопје, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
-На 3 јули 2014 година во Скопје, во населба Бутел, во патничко возило, управувано од познат скопски адвокат, во кое бил и пријавениот на кого адвокатот му бил законски застапник, пријавениот Ф.Љ. со пиштол испукал еден куршум повредувајќи го оштетениот во пределот на ногата. Откако адвокатот го истуркал од возилото, пријавениот испукал уште три куршуми кон него, но не го погодил – информираат од полицијата.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одреден домашен притвор.

Инаку, се работи за адвокатот Игнат Панчевски. Откако беше засрелан, сам се довезе до болница каде што побара лекрска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top