Индијката Ира Шармила е обвинета пред судот поради обид за самоубиство. Таа 12 години штрајкува со глад, во знам на протест против законот со кои се суспендираат човековите права вокkoнфликтната зона во Индија. Шармила има 40 години, внесува работи кои се неопходни за преживување, како инфузија, по наредба на властите. Таа последен пат јадела на 4 ноември 2000 година. Властите наредиле да се храни низ цевка низ ноздрите. Ваква храна примила три дена по нејзиното апсење. Според законот, таа мора да биде пуштена на слобода еднаш годишно, но ако не јаде, се враќа во притвор.
Таа живее во Манипур, држава во која во тек е бунт. Таму е воведен закон според кој војската и полицијата можат да пукаат во секој за кој се сомневаат дека е бунтовник, а имаат право да апсат и без судски налог. На војниците не може да им се суди за кршење на човековите права, освен со одобрение на Индиската Влада. Во последните 20 години имало само 50 такви барања.
Шармила вели дека не е виновна и дека го сака животот и сака правда и мир. Ќе живее без храна додека законот не биде повлечен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.