| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски орел владее со источноевропското небо

orel_viktoria_11-nas

Царскиот орел, птица што егзистира на овие простори, има интересна приказна. Беспрекорниот летач, грациозно владее со ветровите, а аеродинамиката ја има „во малиот прст“. Единствен и најлош непријател надвор од нормалниот биоциклус на оваа птица е човекот, докажан штетник и прв непријател на природата, секоја чест на исклучоците!
Еве ја сторијата за храброто македонско девојче:

Младата женка од видот царски орел именувана Викторија, која е родена во 2013 година во гнездо во Овче Полие во текот на своето неверојатно патешествие успеа да прелета повеќе од 11.000 километри за една година. Пред неполни две недели се врати во родниот крај.

Во јули минатата година беа поставени пет сателитски трансмитери на млади птици од видот царски орел, со цел да се следат нивните животни навики и можните патишта на миграција. Со тоа ќе се добијат податоци од исклучителна важност за нивното зачувување.

orel_viktoria_6-txt

Зачудувачки е подвигот што го направи еорлето крстено Викторија, едно од орлињата изведени во гнездото во близина на село Сарамзалино. Уште од самиот почеток беше некако поинакво од сите други, многу посамостојно и не толку врзано до депониите. Уште во третиот месец од пролетувањето направи неколку краткотрајни излети по територијата на Македонија а двапати ја прелета и границата на Грција и Бугарија, по што повторно се враќаше во регионот каде што е родено. Но, кон средината на април почна едно неверојатно патување. Тргнувајки од Овче Поле во неколку дена ја прелета територијата на северна Бугарија, па оттаму преку Романија стигна до Унгарија. По кратко задржување во Унгарија, во регион познат како извонреден за царските орли, богат со плен карактеристичен за нив, неочекувано го продолжи своето патешествие кон север. Речиси без застанување, освен за преноќување, ја прелета територијата на цела Полска, Литванија, Летонија и влезе на руска територија.

Повеќе на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top