| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО има стратегија за одбрана на Турција од Исламската држава

Северноатлантската воена алијанса изработила стратегија за одбрана на својата членка Турција доколку биде нападната по должината на границата со Сирија, изјави турскиот министер за одбрана Исмет Јилмаз. Според него, од НАТО тоа го побарала турската влада со оглед на тоа дека борците на Исламската држава, кои зазедоа големи делови од Ирак и од Сирија, настојуваат да го преземат сирискиот град Кобани во близина на турската граница.

– Доколку дојде до напад, ќе биде активиран механизмот на заедничка одбрана на НАТО. Од моментот кога почнаа инцидентите врзани за Сирија ние баравме од НАТО да се подготви за евентуална изработка на планови. НАТО подготвил план земајќи ги предвид различните можности. Поради тоа, доколку Турција биде нападната, НАТО ќе го примени член 5 од Конвенцијата од Вашингтон според кој нападот на една членка на НАТО се смета за напад на целата алијанса – рекол Јилмаз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top