| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнат бугарскиот Боки 13

Бугарскиот Боки 13, Азис, бил нападнат од четворица маскирани напаѓачи. Азис тврди дека напаѓачите биле облечени како полицајци.  Според бугарските медиуми нападот над Азис се случил во саботата, во населбата Обориште, во Софија, кога напаѓачите го пресретнале пејачот и ги претепале неговиот возач и телохранител. Според неофицијални информации, тие се обиделе да го киднапираат пејачот.

Нападот го видел случаен минувач и пријавил во полиција. Азис во текот на нападот не бил повреден. Азис на полицијата и рекол дека неколку часа пред нападот добил телефонски повик во кој му е понудено за голема сума на пари да се појави во реклама.

Полицијата соопштила дека моментално работат на случајот. Бугарските медиуми неофицијално јавуваат дека можен мотив за нападот е израмнување на старите финансиски сметки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top