| четврток, 6 декември 2018 |

„Алкалоид“ со обновен сертификат од Агенцијата за лекови на Романија

alkaloid
„Алкалоид“ доби обновен сертификат за Добра производна практика (GMP) од Националната агенција за лекови и медицински помагала при Министерството за здравство на Романија, по извршената инспекција во погонот за производство на
полусинтетски цефалоспорини.
Ова е петта инспекција на погоните на „Алкалоид“ од страна на романските авторитети, што претставува уште една потврда за највисоките европски стандарди што компанијата ги применува во секојдневното работење, а се основа за стекнување и одржување на авторизациите за пласман на своите производи не само во Европската унија, туку и пошироко.
Со ова „Алкалоид“ се потврдува како високопрофесионален производител на  фармацевтски производи со примена на најсовремени производствени технологии и  деловни стандарди, сè со единствена цел – квалитетни, ефикасни и безбедни лекови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top