| четврток, 6 декември 2018 |

Бојана Грегориќ-Вејзовиќ: По­треб­на е но­ва жен­ска ре­во­лу­ци­ја ко­ја ќе им овоз­мо­жи на же­ни­те гор­до да ста­ре­ат

Таа е ќер­ка на поз­на­та­та актер­ка Бо­жи­дар­ка Фрајт, а неј­зи­ни­от та­тко Бо­рис Гре­го­риќ е про­ду­цент. Уште на осум­го­диш­на во­зраст поч­на­ла да веж­ба ба­лет, а ка­ко ти­неј­џер­ка би­ла мно­гу бун­тов­на. Дип­ло­ми­ра­ла кла­вир и кла­сич­на ба­лет­ска шко­ла, а по­тоа се за­пи­ша­ла на Ака­де­ми­ја за драм­ски умет­но­сти

gregoric_bojana_301112_800

Бо­ја­на Гре­го­риќ-Веј­зо­виќ

Хр­ват­ска­та филм­ска, те­ле­ви­зи­ска и те­а­тар­ска актер­ка Бо­ја­на Гре­го­риќ-Веј­зо­виќ (42), ко­ја на ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка ѝ е поз­на­та по уло­ги­те во хр­ват­ски­те ТВ-се­рии „Гор­до­ста на Ра­тка­е­ви“, „До­ли­на на сон­це­то“, „Љу­бов во офсајд“, со сво­јот те­а­тар го­сту­ва на Млад отво­рен те­а­тар со прет­ста­ва­та „Три се­стри“ ко­ја ја ре­жи­ра­ше ма­ке­дон­ски­от истак­нат ре­жи­сер Сло­бо­дан Ун­ков­ски. Во екск­лу­зив­но­то ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“, Гре­го­риќ-Веј­зо­виќ го­во­ри за прет­ста­ва­та, за со­ра­бо­тка­та со Ун­ков­ски, за сво­јот ан­гаж­ман во УНИ­ЦЕФ, за жен­ска­та ре­во­лу­ци­ја и за ста­ре­е­ње­то.

Таа е ќер­ка на поз­на­та­та актер­ка Бо­жи­дар­ка Фрајт, а неј­зи­ни­от та­тко Бо­рис Гре­го­риќ е про­ду­цент. Уште на осум­го­диш­на во­зраст поч­на­ла да веж­ба ба­лет, а ка­ко ти­неј­џер­ка би­ла мно­гу бун­тов­на. Дип­ло­ми­ра­ла кла­вир и кла­сич­на ба­лет­ска шко­ла, а по­тоа се за­пи­ша­ла на Ака­де­ми­ја за драм­ски умет­но­сти.

Од 1992 до 1997 го­ди­на би­ла во брак со му­зи­ча­рот Бо­рис Но­вко­виќ, а од 2006 го­ди­на е во брак со акте­рот Енес Веј­зо­виќ, со ко­го има две де­ца, си­нот Ра­ул (2006) и ќер­ка­та Зое (2010). Од 1996 го­ди­на до де­нес е член­ка на хр­ват­ски­от драм­ски те­а­тар „Га­ве­ла“, а во неј­зи­на­та би­о­гра­фи­ја се за­пи­ша­ни мно­гу­број­ни на­гра­ди. Таа е ам­ба­са­дор­ка на до­бра вол­ја на УНИ­ЦЕФ за Хр­ват­ска.

Во прет­ста­ва­та „Три се­стри“ на Че­хов, чиј ре­жи­сер е Сло­бо­дан Ун­ков­ски, го игра­те ли­кот на На­та­ли­ја Ива­нов­на, а таа во су­шти­на е сту­де­на же­на ко­ја вло­жу­ва сил­на енер­ги­ја во на­сто­ју­ва­ња­та сѐ да ѝ би­де по­дре­де­но. Таа ги иско­ри­сту­ва лу­ѓе­то, а не се вр­зу­ва за ни­ко­го. Ива­нов­на, всуш­ност, е ед­на не­среќ­на оса­ме­на же­на ко­ја по­тај­но се опи­ва, а глу­ми де­ка цвр­сто ги др­жи си­те кон­ци в ра­це. За оваа уло­га до­би­вте од­лич­ни кри­ти­ки во Хр­ват­ска. Ка­ко Вам ви се чи­ни ли­кот на На­та­ли­ја?

Гре­го­риќ-Веј­зо­виќ: Гле­дам де­ка ве­ќе сте ја за­пи­ша­ле во кни­га­та на нај­ло­ши не­га­тив­ци (се смее, з.а), а јас ка­ко ви­стин­ска актер­ка ќе го бра­нам ли­кот што го тол­ку­вам. Иде­ја­та на Ун­ков­ски На­та­ли­ја по­тај­но да се опи­ва се по­ка­жа ка­ко мно­гу точ­на и бе­ше ви­стин­ски актер­ски пре­диз­вик. Ива­нов­на ни­ка­ко не е по­зи­ти­вен лик, но ка­ко да ста­не не­га­ти­вен, тоа бе­ше ви­стин­ско пра­ша­ње кое слу­же­ше ка­ко инс­пи­ра­ци­ја во соз­да­ва­ње­то на неј­зи­ни­от ка­ра­ктер. На­та­ли­ја е же­на ко­ја вле­гу­ва во се­мејс­тво кое мно­гу ѝ им­по­ни­ра, до­а­ѓа сре­де­на нај­до­бро што знае и умее, а всуш­ност не знае и пр­во­то не­што што го до­жи­ву­ва е кри­ти­ка – па, ка­ков ре­мен сте ста­ви­ле! Освен што ја на­вре­ди­ле, за вре­ме на ве­че­ра­та по­сто­ја­но мо­ра да слу­ша ше­ги на сво­ја сме­тка во вр­ска со Ан­дре­ја. Се­то тоа ја пра­ви не­си­гур­на, а тие на тој на­чин ѝ ка­жу­ва­ат де­ка таа не е до­бре­дој­де­на и де­ка не им е до­стој­на, не им е рам­на. Во тој мо­мент трг­ну­ва неј­зи­на­та ми­си­ја, да до­ка­же кој ќе газ­ду­ва во таа ку­ќа.

tri-sestre-123

Во претставата „Три сестри“ каде го толкува ликот на Наталија Ивановна

Жи­ве­е­ме во вре­ме кое изо­би­лу­ва со та­кви над­ме­ни же­ни ка­ко На­та­ли­ја Ива­нов­на. Што мис­ли­те Вие за тој фе­но­мен?

Гре­го­риќ-Веј­зо­виќ: Исто­ри­ја­та па­ме­ти же­ни што вла­де­е­ле и би­ле су­ро­ви во ос­тва­ру­ва­ње­то на сво­и­те це­ли. Да се се­ти­ме са­мо на Кле­о­па­тра или на Ели­за­бе­та… А овие же­ни де­нес, всуш­ност, се три­ви­јал­ни би­деј­ќи се ра­бо­ти за на­пре­док во ка­ри­е­ра­та или за до­ка­жу­ва­ње вна­тре во се­меј­ни­те не­сог­ла­су­ва­ња. На­та­ли­ја е же­на што не при­фа­ќа до­бро­на­мер­на кри­ти­ка, ту­ку ја до­жи­ву­ва ка­ко на­пад кој го па­ме­ти и вра­ќа, ама двој­но. Таа ќе се бо­ри за сво­е­то ме­сто со си­те средс­тва. Де­ла­та на Ше­хов се при­каз, но и по мал­ку кри­ти­ка на оп­штес­тво­то, кое е гни­ло или од сво­ја­та мрз­ли­вост или од сво­јот при­ми­ти­ви­зам, а во си­те оп­штес­тве­ни сло­е­ви има и ед­но и дру­го. Ра­бо­та­та е во лич­ни­от ин­те­ле­кту­а­лен раст, при­фа­ќа­ње­то на кри­ти­ка­та и на про­ме­на­та, а тие ли­ко­ви не се скло­ни кон тоа.

Ка­ква бе­ше со­ра­бо­тка­та со Ун­ков­ски? Што Ви оста­ви нај­го­лем впе­ча­ток кај не­го?

Гре­го­риќ-Веј­зо­виќ: Пр­ви­те про­би се нај­те­шки. Ве­ру­ва­ле или не, но акте­ри­те зна­ат да би­дат мно­гу сра­меж­ли­ви, осо­бе­но на по­че­то­кот. Пре­крас­но бе­ше да се ра­бо­ти со Ун­ко би­деј­ќи тој има мно­гу тр­пе­ние и е мно­гу ду­хо­вит. Не­го­во­то чув­ство за актер­ска­та ра­бо­та е пол­но со раз­би­ра­ње и со под­др­шка, та­ка што акте­рот по­лес­но се отво­ра и не се пла­ши од сопс­тве­ни­те гре­шки. На тој на­чин бр­зо се до­а­ѓа до до­бри ре­зул­та­ти.

Ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка ве поз­на­ва по се­ри­и­те „Гор­до­ста на Ра­тка­е­ви“, „До­ли­на на сон­це­то“, „Љу­бов во офсајд“, но мал­ку­ми­на зна­ат де­ка сте и те­а­тар­ска и филм­ска актер­ка ко­ја дип­ло­ми­ра­ла пи­ја­но и за­вр­ши­ла кла­си­чен ба­лет. Зо­што на крај од­лу­чи­вте да би­де­те актер­ка?

5T9C2720

Претставата „Три сестри“ готуваше годинава на МОТ

Гре­го­риќ-Веј­зо­виќ: По­вре­да за вре­ме на ед­на ба­лет­ска прет­ста­ва во Хр­ват­ско на­род­но ка­за­ли­ште ме на­те­ра да раз­мис­лу­вам за дру­га про­фе­си­ја, а фил­мот и глу­ма­та отсе­ко­гаш би­ле не­што вол­шеб­но што ме прив­ле­ку­ва­ло. Мис­лам де­ка чо­век се ра­ѓа со умет­нич­ки по­ри­ви во се­бе. Не мо­жам да за­мис­лам да ра­бо­там не­што дру­го освен ова.

Вие сте ќер­ка на поз­на­та­та хр­ват­ска актер­ка Бо­жи­дар­ка Фрајт, а бе­вте ми­ле­нич­ка на сво­јот де­до, поз­нат ле­кар кој го­во­рел пет свет­ски ја­зи­ци и се­ко­гаш рас­ка­жу­вал ин­те­рес­ни при­каз­ни. Ка­кво бе­ше Ва­ше­то дет­ство и ка­ко е да се рас­те по­крај по­пу­лар­на лич­ност?

Гре­го­риќ-Веј­зо­виќ: И двај­ца­та беа скром­ни и пол­ни со љу­бов. Мо­ја­та мај­ка пр­венс­тве­но бе­ше мај­ка и до­ма­ќин­ка, и ни­ко­гаш не ја но­се­ше ра­бо­та­та до­ма. Са­мо во ед­на при­го­да лич­но го по­чув­ству­вав неј­зи­ни­от ѕвез­ден ста­тус, ко­га ка­ко де­ца нѐ но­се­ше на учи­ли­ште и са­кај­ќи да до­би­јат авто­грам од неа, нас, де­ца­та нѐ тур­каа на ули­ца. Де­нес таа е остар и искрен кри­ти­чар на сѐ што пра­вам, а ус­пе­си­те што ги по­стиг­нав ѝ ги дол­жам неа и на мо­јот со­пруг Енес Веј­зо­виќ.

Во срп­ски­от филм „Мон­те­ви­део, бог те ви­део“, Вие и Ва­ша­та мај­ка игра­те за­ед­но, но тоа што е ин­те­рес­но е де­ка игра­те мај­ка и ќер­ка, тоа што се и во при­ват­ни­от жи­вот. Ка­ко бе­ше на сни­ма­ње­то?

Гре­го­риќ-Веј­зо­виќ: Во тој филм прв­пат ра­бо­тев­ме за­ед­но и бе­ше ин­те­рес­но. Бев неј­зи­на парт­нер­ка, но и се­кре­тар­ка и „по­трч­ко“ ко­га не­што ѝ не­до­сти­га­ше на се­тот (се смее, з.а).

Има­те 42 го­ди­ни и изг­ле­да­те од­лич­но. На же­ни­те им пре­по­ра­чу­ва­те се­ко­гаш да се са­ка­ат се­бе и да го са­ка­ат сво­е­то те­ло. Ка­ко Ви ус­пе­ва да изг­ле­да­те тол­ку до­бро?

ad1dee47-086d-4981-a39c-36275c69cf8c

Брачниот пар Веј­зо­виќ

Гре­го­риќ-Веј­зо­виќ: Жи­ве­е­ме во не­кое чуд­но вре­ме кое ка­ко да не доз­во­лу­ва при­ро­ден тек на жи­во­тот. По­сто­ја­но ни се со­ве­ту­ва ка­ко да изг­ле­да­ме пом­ла­до, што ве­ќе се гра­ни­чи со бу­да­ла­шти­на. Се­ка­ко де­ка тре­ба да се вни­ма­ва на се­бе. Јас веж­бам 2-3 па­ти не­дел­но, поч­нав да вни­ма­вам што ја­дам би­деј­ќи ме­та­бо­лиз­мот ед­но­став­но не ра­бо­ти исто на 22 и на 42 го­ди­ни. Но, не­ка­де дла­бо­ко мис­лам де­ка ни тре­ба но­ва жен­ска ре­во­лу­ци­ја ко­ја ќе ни овоз­мо­жи гор­до да ста­ре­е­ме.

Да­ли прв­пат до­а­ѓа­те во Ма­ке­до­ни­ја?

Гре­го­риќ-Веј­зо­виќ: Прв­пат до­а­ѓам во Ма­ке­до­ни­ја и мно­гу се ра­ду­вам на по­се­та­та. Жал ми е што ќе оста­не­ме са­мо еден ден, та­ка што не ве­ру­вам де­ка ќе имам шан­са да го за­поз­на­ам Скоп­је ка­ко што тре­ба.

Вие сте филм­ска, те­а­тар­ска и те­ле­ви­зи­ска актер­ка, ам­ба­са­дор­ка на до­бра вол­ја на УНИ­ЦЕФ… Што ра­бо­ти­те во овој пер­и­од, да­ли ста­ну­ва збор за не­кој го­лем про­ект?

Гре­го­риќ-Веј­зо­виќ: УНИ­ЦЕФ по­сто­ја­но има про­гра­ми со кои се тру­ди да се по­до­бри ква­ли­те­тот на рас­те­ње на се­кое де­те. Поч­нав­ме со ак­ци­ја­та „Стоп на на­силс­тво­то ме­ѓу де­ца­та“, по­тоа про­дол­жив­ме со осве­сту­ва­ње на оп­штес­тво­то за по­тре­ба­та за вдо­му­ва­ње на де­ца­та во ак­ци­ја­та „На се­кое де­те му е по­треб­но се­мејс­тво“. Лич­но, нај­дра­ги ми се сред­би­те со де­ца­та. Не­о­дам­на по­ра­ди поп­ла­ви­те во Хр­ват­ска, УНИ­ЦЕФ, ка­ко и се­ко­гаш, ор­га­ни­зи­ра­ше по­мош и фи­нан­сии со цел на де­ца­та да им овоз­мо­жи нор­ма­лен по­че­ток на учи­лиш­на­та го­ди­на. Се ор­га­ни­зи­раа и ра­бо­тил­ни­ци за тоа ка­ко де­ца­та по­лес­но да се спра­ват со тра­у­ми­те и не­сре­ќи­те што ги до­жи­ве­а­ле. Отка­ко ќе ги ви­ди­те нив­ни­те нас­ме­вки, по се­то тоа што им се слу­чи­ло, до­а­ѓа­те до зак­лу­чок де­ка всуш­ност ние тре­ба да учи­ме од де­ца­та.

Разговараше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: При­ват­на ар­хи­ва

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top