Џерард Сајлент, лекарот што се грижеше за Михаел Шумахер по стравичниот пад на ски-патеката во Франција, пристигна во Јапонија и ќе се грижи за рехабилитацијата на тешкоповредениот пилот од Формула 1, Жил Бјанки.
Францускиот возач се удри директно во возило што служи за кревање болиди на патеките и со тешки повреди на главата беше пренесен во болница. Возилото беше на патеката „Сузука“ за да го отстрани болидот на Адријан Сутил, а Бјанки еден круг подоцна со голема брзина се заби во него. Младиот возач има само 25 години, а има сериозни повреди на мозокот и е во критична состојба.
Од ФИА е најавена истрага за целиот настан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова надеж за семејството, Шумахер се селат на Мајорка
-
Продадоа авион за да ги исплатат трошоците за лекувањето – семејството на Шумахер се уште се бори за него
-
Објавени официјални информации за Шумахер, еве што се случува со него во моментов
-
По четири години пријател на Шумахер ја откри вистината за здравствената состојба


