Американскиот војник Александар Свим ја признал вината на суд за кражба на гориво во вредност поголема од 400.000 долари од една база во Авганистан, соопштили американското обвинителство.
Во обвинението се наведува дека 25-годишниот Свим во текот на девет месеци во 2012 година во повеќе наврати испраќал странски возач до складиштето за гориво во базата Шаран во Авганистан, му дозволувал да го наполни резервоарот и да си оди, пренесува „Асошиетед прес“.
Во текот на тие девет месеци од американската воена база се украдени повеќе од 681.000 литри гориво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)


