Никол Егерт е позната низ светот кога е во костим за капење. Заедно со Памела Андерсон и со Кармен Електра трчаа по плажа во серијата „Чувари на плажата“. Но, по завршување на серијата, животот воопшто не ѝ беше лесен.
Откако прогласи банкрот на 10 септември 2013 година, таа не се предаде. Основа сопствен мал бизнис. Почна да прави сладолед и други колачи и да ги продава во својот камион која сама го вози. Користи „Твитер“ за да привлече луѓе.
– Дојдете и пробајте го сладоледот од мојот камион, утре во Радфорд Вентура – напиша Никол на „Твитер“.
Никол е мајка на две деца и има 42 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.