| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 30 курдски борци загинаа во североисточна Сирија

сирија

Најмалку 30 курдски борци и полицајци загинаа при самоубиствен напад во градот Хасака, североисточна Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
– Најмалку 30 членови на курдската група „Сили за заштита на народот“ и на курдските безбедносни сили загинаа откако двајца напаѓачи го активирале експлозивот што бил во минибус . Нападот бил изведен на северниот влез на Хасака – изјави директорот на Центарот Рами Абдел Рахман.
Цел на нападот биле позициите на курдските сили, како и кампот за обука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top