
Oд сите балкански земји во процесот на придружување кон Европската унија, Србија ќе добие најпозитивен извештај од Европската комисија, објави Танјуг, повикувајќи се на неименуван извор од Брисел.
Тој тврди дека Србија остварила најголем напредок од шесте балкански земји.
Извештајот на ЕК за Србија нема да го содржи барањето Белград да се приклучи на санкциите кон Русија.
ЕК на 8. октомври ќе објави извештај за напредокот на Македонија, на Србија, на Црна Гора, на Босна и Херцеговина, на Албанија и на Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


