
– Се чувствувам добро, здравјето ми е повеќе од добро – вели Кили во првото интервју по издржувањето на затворската казна дадено во емисијата „Во недела попладне“.
Вели дека води сметка да не и се допадне на смртта. Се заколна во мајка и даде чесен пионерски збор дека во иднина ќе ги почитува законите.
-Нажалост живееме во земја каде мојот лек кој ме спаси не е дозволен во Македонија. За да се доизлечам и да го завршам „Тајниот живот на Кирил Поп Христов“, позитивно, како што јас знам и умеам, ќе морам да се дислоцирам во друга земја, каде што тоа е дозволено, да се доисчестам, како не би правел проблем на нашата Македонија, која е во цутот на развојот, на убавината и благосостојбата на живеење во неа – вели тој.
На коментарот дека Кили не го фатиле туку тој дозволил да биде фатен, да биде маченик за да го направат светец тој вели:
-Светиња? Па тоа е толку голем и тежок збор и не можам така да се гледам, ниту заслужувам. Маченик? Вие може така гледате на мене, јас не се чувствувам како маченик. Јас го садев моето здравје и за да го комплетирам и забетонирам моето здравје јас ќе отидам во простор каде нема да ми прават опструкција и нема да ми упаѓаат во рани утрински часови да ме вадат од памет и да ме заустават од комуникација со светата ми билка која живот ми даде. Затоа морам да се склонам.
За повторното апсење вели дека неговата реакција била: Зар пак ли бе, ј**** вас бог, нели ви беше доста.
Вели дека не постои човек што не знае дека таа билка е негова светица и дека од таа билка комуницира и таа билка го спасува.
– Имам дијагноза малигнитет на неоплазма и канцер на долги коски, со јасни метастази на магнетна резонанса. По шест месеци конзумирање на ова масло сум подобар, не смеам да кажам од каде го набавувам зашто пак ќе свирам клавир во казнено-поправната установа – вели тој и негодува што марихуаната како лек не е дозволена во нашата земја.
Раскажува за случките при снимање филмски сцени во Шутка, кога ја скршил раката за време на снимањето на Тетовирање. Сега бил во истата келија каде што за време на снимањето на филмот ја скршил раката.
-Животот во затвор е совршен, ако сакаш да си ја одмориш душата – вели актерот.
Тој нагласува дека има луѓе преполни со љубов кон него, но и луѓе преполни со омраза кон него, што е многу подобро отколку сите да те сакаат или сите да те мразат. Се разочарал кога видел во Шутка дека фонтаната што ја направил кога бил во затвор пред десетина година не ја оддржуваат. Немало водна пумпа која чини 40 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


