Белгиски борбени авиони „Ф-16“ ги извршија првите воздушни напади врз позициите на Исламска држава во Ирак, соопштува Министерството за одбрана.
Два белгиски авиони биле во извидничка мисија на кои им е јавено дека терористички елементи ги напаѓаат ирачките воени сили. На еден од пилотите потоа му било наредено да тргне во акција и да изврши воздушен удар.
Како што се наведува во соопштението, резултат на бомбардирањето е неутрализација на непријателските закани, пренесува АФП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



