| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден труп во распаѓање, се претпоставува дека е на младата Дениса

deniza-markoska1-600x800

Труп во распаѓање е пронајден во водите на Егејско Море, за кој постои сомневање дека е на младата Дениса Марковска, јави „Канал 5“. Трупот што е најден во близина на селото Вурна во северо западниот дел на Карпатос, не може да се идентификува поради тоа што долго време бил во вода. Не можат да се земат ниту отпечатоци ниту, пак, се препознава лицето. Телото било дадено на обдукција. Ќе се направи обид преку ДНК-анализа да се дознае идентитетот.

Дениса исчезна пред 24 дена од брод на кој работела во Грција, кој пловел помеѓу Карпатос и Крит. Се очекува истрагата која се врши на островот Родос и испитувањето на телото првин да го утврдат идентитетот, па потоа да се објави дали воопшто е можно тоа да е телото на исчезната Дениса Марковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top