
Клучот е во името. Шангајската организација за соработка (СКО) е група од шест земји – Кина, Казахстан, Киргистан, Русија, Таџикистан и Узбекистан – и има за цел да стане доминантна безбедносна институција во тој регион; но нејзиното потекло и целите се воглавно кинески. Па затоа од западна гледна точка е загрижувачки тоа што групата се согласи да се прошири, и дека Индија, Пакистан и Иран се заинтересиран да се вклучат во неа: издигнувањето на овој а ла Нато, предводен од Кина, кој дури и пријателите на Америка, како што се Индија и Пакистан, изгледа ги привлече. И затоа да не разбереме погрешно каков вид на организација се обидува СКО да биде. Таа навистина претставува предизвик за светскиот поредок предводен од Америка, но нешто многу посуптилно.
На 11 и 12 септември, СКО го одржа својот 14. годишен самит во Душанбе, главниот град на Таџикистан. Беше донесена согласност да се адаптираат процедури за проширување, прво за оние земји кои се веќе набљудувачи. Индија и Пакистан најверојатно ќе се приклучат следната година. Иран во моментов е дисквалификуван заради санкциите на ОН кој оваа земја. Уште еден набљудувач, Монголија, е демократија и одамна одбива да се приклучи на овој наизглед клуб на автократии. Последниот набљудувач, Авганистан, има други приоритети.
Самиот на СКО дојде веднаш по самитот на НАТО кој се одржа во Велс. Ова им даде можност на колумнистите од Кина и Русија да кренат врева заради „20-иот век“ и „Студена војна“ или „конфронтирачкиот“ менталитет кој владее кај Нато, и да се разжестат околу тоа по што е СКО поразличен од она што рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го нарече како „реликвии од минатото доба“ со ригидна дисциплина наметната од посебен блок земји.
Во август, СКО ги одржаа досега најголемите заеднички воени вежби, антитерористичка вежба во внатрешна Монголија во Кина, во кои учествуваа 7,000 војници. Сепак, оние кои се гласноговорници на СКО е дека организацијата не е алијанса како што е Нато, туку „партнерство“ кое нема свои непријатели. Ова не е сосема точно. Тоа отсегогаш беше директно насочено кон три непријатели, дури и ако се тоа апстрактни форми на „трите сили на ѓаволот“: тероризмот, сепаратизмот и екстремизмот. Кина во Ксинџанг; Русија во Чеченија; централноазиските членки во долината Фергана и на границите со Авганистан. Сите члени на СКО се соочуваат со заканата од исламскиот екстремизам.
Оттука произлезе и заложбата од Душанбе искажана од кинескиот претседател Кси Џинпинг, дека СКО „треба да се фокусира на борбениот од религии воден екстремизам и на интернет тероризмот“, а тоа се всушност проблемите на Кина со насилниот екстремизам од етникумот Угур муслимани во Ксинџанг, кои неодамна се влошија. Милитантите на Угур извршија терористички напади во Ксинџанг и во други делови од земјата. Тие исто се борат и во џихадистичките групи низ светот – во племенските области во Пакистан, на пример. А некои информации наведуваат дека некои од борците и се приклучиле на Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија. Овој месец, четворица Угури со наводни врски со ИД биле притворени на индонезискиот остров Сулавеси.
Овие мажи ја напуштиле Кина кон Југоисточна Азија. Еден од најголемите успеси на Кина во централна Азија во последниве години е што обезбеди соработка со локалните власти за депортирање на илегални емигранти – што првенствено значи Угури со досиеја – па многумина од нив бегаат од земјата преку Лаос и Тајланд. Сепак, овој успех е можеби повеќе резултат на се поголемото присуство и на комерцијалното влијание на Кина во регионот, и на спогодбите кои ги постигна наместо придонес на влијанието на самата СКО. Истото се однесува и на економските цели кои Кина ги постави пред СКО. Земјите кои таа ги покрива се на „новиот пат на свилата“, советуваше Кси. Но тоа се билатералните договори кои ќе го изградат сонот, а не коминикеата кои произлегоа од самитот на СКО.
Гледан вака, не како блок за регионална безбедбност туку повеќе како неефикасен обид во борбата со прекуграничниот тероризам и за засилување на нивните врски, СКО изгледа помалку како закана. Ова одобено се однесува на Индија и Пакистан, посебно по повлекувањето на НАТО од Авганистан, со што се отворија нови неизвености во регионот. Членството не чини ништо, а може да се добие голема корист. Индија, на пример, е совестувана и од Кина – претседателот Кси ја оствари толку долго најавуваната посета неделава – и од Америка. Членството во СКО може да биде корисно за Индија за да ја наметне својата независна надворешна политика, и нејзиното одбивање да биде вовлечена во антикинескиот блок.
Но, за Кина, а уште повеќе за Русија, приклучувањето на Индија и Пакистан ќе биде повеќекратен благослов. СКО помалку ќе изгледа како самоапсорбиран клуб фокусиран на Централна Азија, а тоа може да донесе глобална корист. Сепак, како што покажуваат другите регионални групирања, проширувањето неизбежно ќе биде на сметка на кохезијата на СКО. Индија, дури и под водство на влијателниот Маренда Моди, нема спокојно да седи во авторитарниот клуб. СКО може да придонесе дури и помалку отколку што досега оствари.
Градење економски алијанси
Всушност, дури и Русија и Кина изгледаат несигурни околу тоа што тие сакаат СКО да биде. Четири од членките припаѓаат и на Колективната организација за безбедност предводена од Русија. Русија исто очекува дека и нејзината Евроазиска унија со Белорусија и Казахстан може да се прошири. А Кина почна да привлекува внимание кон со организација, звучно именувана како Конференција за интеракција и доверба – Градење мерки во Азија, или КИКА.
Но, ако само ги се забележуваме потенцијалните конфликти помеѓу различните мултилатерални организации кои Кина ги промовира, може да ја избегнеме поентата. Водечката улога на Америка во Азија е заснована на бројни билатерални безбедносни договори и на сплет на инклузивни мултилатерални институции, сите отворени за членство на Кина. Самата Кина гради други видови на институции: СКО, КИКА, БРИКС (економската група во која се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), Трилатералната комисија (со својото сегашен состав) со Јужна Кореја и Јапонија, и Регионалното економско партнерство. Нивните заеднички карактеристики се дека Кина има голема и понекогаш доминантна улога, и дека САД не е член во нив – и навистина таа беше одбиена кога побара да се приклучи за да биде набљудувач во СКО. Кина не само што го провоцира постојниот светски поредок, туку полека, хаотично и по се изгледа без јасен став и цел, таа гради еден сосема нов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


