| четврток, 6 декември 2018 |

Ако јадете многу тиква или морков, кожата може да ви стане портокалова!

tikva

Ако на вашето мени секојдневно има многу тиква или кое било друго овошје или зеленчук со портокалова боја, вашата кожа може да стане портокалова.

Специфичната портокалова боја на зеленчукот му ја дава каротенот, растителниот пигмент што телото го претвора во витамин А. Ако во вашата крв има поголемо присуство на каротен, тоа ќе резултира со портокалова боја на вашата кожа.

Каротеноиди се растителни влакна што влијаат како силен антиоксиданс и имаат антиканцерогени својства, а ги има во портокаловото, жолтото, црвеното и во зеленото овошје и зеленчук.

За да проверите дали во вашиот организам има премногу бета-каротен, погледнете ги своите дланки и стапала. Бидејќи на ова место кожата е подебела, токму тука присуството на бета-каротенот во поголема концентрација е најочигледно.

Ако забележите дека вашата кожа е портокалова, не кревајте паника, велат стручњаците. Зголемената концентрација на бета-каротенот, обично, нема никакви здравствени последици, освен што се работи за исклучително естетски и козметички проблем.

Ретко портокаловата боја на кожата нема никаква врска со присуството на бета-каротенот во крвта, туку може да биде последица на намалено работење на штитната жлезда или, пак, на ослабена функција на бубрзите или црниот дроб.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top