Зависник што користел дрога „крокодил“ бил примен на Воено-медицинската академија во Белград со сериозни физички повреди при што телото буквално почнало да му се распаѓа, пишува српски „Телеграф“. Неговата состојба на крајот била стабилизирана и во моментот бил надвор од животна опасност.
– Ова е прв пациент со толку страшни последици од моментално најопасната дрога која постои на пазарот. Се работи за маж во средни години од Белград. Оштетувањата на кожата се големи, а на страничните делови воопшто не постои поради што глетката е страшна. На негова среќа, состојбата му е стаблизирана, но повредите и понатаму се многу опасни. Спореди достапните информации, пациентот сам ја правел дрогата од која сега му се распаѓа телото, што значи дека не ја купувал – вели соговорникот на „Телеграф“.
Овој опасен наркотик е направен од мешавина на тешки метали, бензин, црвен фосфор и кодеин, а сите овие состојки може да се најдат во слободна продажба.
Дрогата „крокодил“ е позната како дрога од домашно производство, која се појавила во 2002 година во Сибир каде што е продавана како хероин иако е неколку пати посилна. Името го добила по тоа што кожата на местото каде што се вбризгува наликува на крокодилската, а потоа почнува да гние и буквално да се распаѓа.
Нецензурирани фотографии од пациентот може да погледнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.